Вечерва беа мечевите од суперлигашката ракометна конкуренција. Во 5. коло од Супер лигата за жени, Деспина – Ѓорче Петров 16:45. Гостинскиот тим, актуелниот шампион очекувано ја покажа силата. Дека резултатот ќе биде мошне висок, се насети уште во 10. минута, кога беше 7:0 за Ѓорче Петров. Петта победа за шампионот, петти пораз за прилепчанките.
Во следната рунда: Куманово – Ѓорче Петров, Чаир – Деспина.
Во 8. рунда на Б-групата од Супер лигата за мажи, Бутел – Прилеп 27:21. Иако беше рамноправно во првиот дел (13:12), во второто полувреме имаше надеж за прилепскиот тим до пет-шест минути до крајот, сепак конечниот резултат е висок, во полза на Бутел. Така, Бутел има досегашен биланс од 5 победи и 3 порази, а Прилеп 2 победи, 1 реми и 5 порази.
Во следното коло Прилеп – Пролет. Вардар Скопје – Бутел.