Фудбал

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МЕЃУНАРОДНИОТ „ЧИН-ЧИН КУП“ ВО ПРИЛЕП!

Како што доликува на голем спортски настан, денеска, на шест месеци до одржувањето, во Прилеп, во Кафе „Пауза“ е извршено претставување на Меѓународниот фудбалски турнир за деца од 6 до 12 години „Чин-чин куп“ во Златибор, Србија. За следното 14-то издание, од 25 до 28 април 2024 година, за претставниците на прилепските клубови и школи деталите ги дадоа Влада Мартинов и Игор Митиќ.

Според сето изнесено, нема сомнение дека се работи за гигантски проект, кој од година на година има свој развој. Привлекува преубавата природа, каде се терените на Златибор, можноста за собир и дружење на децата од многу држави. Покрај екипи од сите некогашни републики на СФР Југославија (Србија, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија), учествуваат и од Бугарија, Молдавија и Романија. Очекувањата за 2024 се за учество на 120 до 140 екипи. Веќе е објавена првата пријава – од најголемиот клуб, Црвена звезда од Белград.

Презентација на „Чин-чин купот“ освен во Прилеп имаше и во Куманово и Скопје.

Од категоријата

(фото) САЛАТА „МАКЕДОНИЈА“ ПУШТЕНА СО ДЕВЕТ ГОЛА!

Зоран Иге

(фото, состави, стрелец) ВО ПРИЛЕП КЛУЧНА 84. МИНУТА!

Зоран Иге

ТУРНИРОТ ВО МАЛ ФУДБАЛ СЕ ВРАЌА ПО ТРИ ГОДИНИ ПАУЗА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе