Меѓу фудбалските љубители деновиве има дилема околу датумот и часот на одигрувањето на следното 10. коло од Втората фудбалска лига на Македонија. Едни ја спомнуваат недела во 14 часот, други сабота 13. Оваа дилема има основа, во тоа што пред почетокот на првенството излезе официјален распоред во кој беше планирана недела и 14 часот. Но, нешто подоцна направена е измена, со враќање на сабота и 13 часот. Значи, конечен термин е сабота во 13 часот.
ВТОРА ЛИГА 10. КОЛО (28 октомври во 13 часот): Победа – Караорман, Охрид – Пелистер, Беса – Арсими, Тетекс – Скопје, Башкими – Вардар Н., Осогово – Кожуф, Беласица – Детонит, Новаци – Саса.
TАБЕЛА: Беса 22, Детонит и Охрид 19, Пелистер 18, Кожуф и Башкими 16, Беласица 15, Тетекс 14, Победа 12, Арсими и Новаци 10, Скопје 9, Вардар Н. и Осогово 7, Саса 6, Караорман 4.