100 години фудбал во Прилеп

ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ НА ГРАДСКИОТ СТАДИОН!

Од крајот на седумдесеттите години на 20 век почнаа големите зимски турнири во мал фудбал во Прилеп. Се одржуваа во периодот кога екипите од големиот фудбал одмараа – во зима, во Универзалната или салата „Македонија“. Меѓутоа, се одржа и летен турнир во мал фудбал и тоа во летото 1990 година. Беше првиот ноќен турнир на тревата од стадионот „Гоце Делчев“. Под светлината од двата рефлектора, поставени по повод турнирот, се одвиваа мошне интересни дуели меѓу 24 екипи, на терен со димензии 40х20 метри. Победник стана тимот на „Соник“ по финалната победа од 8:6 над „Енергоинвест“. Третото место го освои „Спринт“, а четвртото „Димче Бањарот“. Беа доделени парични награди – за првиот тим 10 илјади југословенски динари, за вториот пет илјади, а за третиот две илјади. Најдобар играч беше Златко Димоски – Мајското (Соник).

Наредната година имаше второ и последно издание на турнирот, на кое победи битолската екипа „Еми“ која со 1:0 го совлада „Гонг“, со голот на Тони Мицевски.

Од категоријата

KAKO ФАВОРИТОТ ОД НИШ ПРИМИ СЕДУМ ГОЛА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ПОБЕДА ВО ДОЛГОВИ ПОВЕЌЕ ОД 10 ГОДИНИ!

Зоран Иге

ПРИЛЕПСКИОТ СТАДИОН ЗАКЛУЧЕН, А ПУБЛИКАТА ПАК ТУКА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе