Драматичен натпревар беше во Скопје, во салата на ОУ „Круме Кепески“, Скопје – Победа 4:4, од 4. рунда на Втората футсал-лига на Македонија. Прилепскиот тим четирипати беше во водство, но на крајот освои само бод, вреден бод со оглед на тоа што е прв од гостински терен. Стрелци на овој меч: Мартин Миленковски 25., Бојан Димовски 31. и 40., Бранко Ѓуровски 36. за Скопје, а Виктор Тошески 2., Илија Ристески 29., Кире Наумоски 33. и 38. за Победа.
РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО: Скопје – Победа 4:4, Енхалон – Шкендија 9:9, Јувентус – Каршијака 8:1, Кратово – Университи 6:2, Балкан – Проект 3:11, Кораби – Партизан Брвеница 6:6, Конзули – Мал Ајакс денеска.
ТАБЕЛА
СЛЕДНО 5. КОЛО: Победа – Кораби, Мал Ајакс – Енхалон, Партизан Брвеница – Конзули, Проект – Скопје, Университи – Балкан, Каршијака – Кратово, Шкендија – Јувентус.