Пинг-понг

КОЈ ЌЕ БИДЕ ЕСЕНСКИ ПРВАК СЕ ОДЛУЧУВА ВО ПРИЛЕП!

Цел ден в недела, почнувајќи од 10 часот, во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп има пинг-понг за екипните првенства на Македонија. Станува збор за 8. и 9. коло, последните есенски. Во рамките на Супер-лигата шампионот Младост 96 прво игра со штипскиот Шампион ФА, потоа со Крива Паланка, што е дерби на непоразените. Тренерот Гоце Тошески ги има: Србинот Ѓорѓе Борчиќ, Антонио Стомнароски, Андреј Лашкоски, Александар Рикалоски и други… Вториот прилепски тим, Младост за ривали ги има Крива Паланка и Телеком нец 2. На табелата Крива Паланка и Младост 96 се со по 14 бода, пред Младост и Шампион ФА со 12, Телеком нец 2 има 11, Берово, Вардар и Пелагонија 9, Работнички 8, Крива Паланка 2007 има 7.

Се играат мечеви и од Првата лига. Таму третопласираниот  Прилеп во 8. рунда игра со Берово 2, а во 9. со Дебар Маало од Скопје.

Од категоријата

БОРБАТА ЗА ПЕХАРОТ ПОЧНУВА ОД ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ПЕЛАГОНИСКО ДЕРБИ ВО БИТОЛА!

Зоран Иге

СОВЕТОТ НА ЃОКОВИЌ КАЈ НАШАТА СОФИЈА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе