Ракомет Фудбал

ШАНСА ДА ПОБЕДАТ, ПО СЕДУМ-ОСУМ НЕУСПЕСИ!

Следниот викенд се важни натпревари за женскиот фудбалски клуб Цевитана и машкиот ракометен Прилеп. Двата имаат шанса да прекинат неуспешни серии од седум и осум кола.

Женскиот фудбалски тим Цевитана има седум порази со ред: дома од Саса, Шкендија, Ас унитед и Истатов, на гости со Тиверија, Љуботен и Скопје. Последните бодови беа освоени на 11 октомври, при победата од 6:1 дома со Речица. Сепак, следниот противник е битолскиот Топ гол, тим кој може да се совлада. На тоа укажува досегашниот учинок – Цевитана со 12 бода, Топ гол со 5, а првиот меѓусебен дуел во Битола беше во полза на Цевитана со 4:2. Мечот од 13. рунда на Првата женска фудбалска лига, Цевитана – Топ гол е в сабота (12 часот) на теренот со вештачка трева во Прилеп.

Машкиот ракометен клуб Прилеп има осум неуспешни меча во серија. Има седум порази – дома со скопски Вардар и Пролет, на гости од Мултиесенс, Еурофарм Пелистер, Бутел, неготински Вардар и скопски Вардар, а неуспех е и ремито дома со Голден арт. Последната победа е на 23 септември дома со 30:22 против неготински Вардар. Добра шанса за победа е наредниот дуел дома со скопскиот Мултиесенс. Досега Прилеп освои 7 бода, Мултиесенс 6. На мечот во Скопје беше драматично, со конечен резултат 31:30 за Мултиесенс. Мечот од 12. рунда на Б-групата од машката ракометна Супер-лига, Прилеп – Мултиесенс, се игра в сабота (18,30 часот) во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп.

Од категоријата

ПО ПЕТ ГОДИНИ, КРИЛО СЕ ВРАЌА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ПРЕСМЕТКА ЗА 2. МЕСТО

Зоран Иге

ПРИЛЕП ПОДОБАР ОД ПРВИОТ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе