Фудбал

ПАК ВИСОК РЕЗУЛТАТ, 7:1!

Кога игра Победа има и многу голови. Во саботата во Тетово, на сениорски првенствен второлигашки дуел, Арсими – Победа 8:1, а денеска на теренот со вештачка трева во Прилеп, во 1/8-финалето од Купот за помлади пионери, Победа – Беласица 7:1. Стрелци: Гоце Кузманоски 2, Ненад Кузманоски, Давид Паскоски, Дамјан Хронески, Бернис Селимоски, Теодор Ѓероски (Победа), Митко Мавров (Беласица). Во дуелот на постарите пионери, Победа – Беласица 3:3 (на пенали 2:4). Во основниот дел од мечот стрелци беа: Дино Стефаноски 2, Стефан Наскоски (Победа), Глигор Бучков, Милан Миленковиќ, Роберт Иванов (Беласица). Струмичаните на 3:3 израмнија во 90. минута. Стрелци од пенали: Стефан Наскоски, Мартин Митрески (Победа) – Глигор Бучков, Милан Миленковиќ, Илија Мадевски, Роберт Иванов (Беласица).

Во Струмица имаше два дуела. Во мечот меѓу кадетите, Беласица – Победа 1:1 (на пенали 1:3). Стрелци од игра: Мартин Милошевски (Беласица) – Давид Паскоски (Победа). Стрелци од пенали: Цветко Шапов (Беласица) – Дарио Спиркоски, Константино Горгиовски, Горан Миновски (Победа). Во натпреварот меѓу младинците, Беласица – Победа 3:0. Стрелци: Филип Сејменов 2, Крсте Марков.

Од категоријата

ДРИМ-ТИМОТ ДОБИ НА ПЕНАЛИ

Зоран Иге

ПАК МЕЧ ЗА 5000 ГЛЕДАЧИ ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

ПРВПАТ ПРЕД ПРИЛЕПСКАТА ПУБЛИКА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе