Фудбал

БРАЌА И БРАТУЧЕДИ ЕДНИ ПРОТИВ ДРУГИ!

Денеска (13 ч.) на стадионот „Гоце Делчев“ е мечот Победа – Пелистер, од 14. коло на Втората фудбалска лига на Македонија. Последен натпревар за оваа година во Прилеп. Со оглед на тоа и поради традицијата на пелагониското дерби, се очекува многу публика на трибините. Пелистер се бори за 2. место, Победа за да покаже дека може пријатно да изненади и покрај претходните лоши резултати. Интересно е што во двата тима има сограѓани, браќа и братучеди, едни против други. Во Победа нема битолчанец сите се прилепчани, вклучително Јорданчо Наумоски и Давид Дебрешлиоски, а во Пелистер се Марио Наумоски, Марио Дебрешлиоски, а има уште двајца прилепчани – Бојан Спиркоски и Давид Јошески.

ДЕНЕШНО 14. КОЛО ОД 13 ЧАСОТ: Победа – Пелистер, Охрид – Тетекс, Башкими – Беса, Осогово – Арсими, Беласица – Скопје, Новаци – Вардар Н., Саса – Караорман, Детонит – Кожуф.

ТАБЕЛА: Беса 34, Детонит 29, Пелистер 27, Беласица, Кожуф и Охрид 20, Арсими и Новаци 19, Тетекс и Башкими 17, Вардар Н., Победа и Скопје 15, Осогово 11, Караорман 10, Саса 7.

Од категоријата

СОСЕДСКО ДЕРБИ ВО ПРИЛЕП: ОД МИНУС 3 ДО ПОБЕДОНОСЕН ГОЛ ВО ПОСЛЕДНАТА МИНУТА!

Зоран Иге

УЕФА: ПОЗНАТИ СЕДУМТЕ МОЖНИ ПРОТИВНИЦИ НА ПОБЕДА

Зоран Иге

ФИЛИП МИРЧЕСКИ, СЕПАК, ОСТАНУВА ВО ПОБЕДА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе