Вечерва Мега баскет – Водно 97:88, во 9. коло од Втората кошаркарска лига. Беше меч со пресврти, а за тоа најдобро говорат бројките од четвртините: 22:23, 25:20, 20:27, 30:18. Пресудна беше последната четвртина, во која се влезе со предност на Водно со 70:67. Вклучувајќи ги двата поена од финишот на третата четвртина, на Мега баскет му успеа страшна серија од 19-0. Долго време во четвртата четвртина скопјаните немаа постигнато ниту поен. По водството на Мега баскет од 84:70 се наѕираше победата, трета есенва. Така – двата тима сега имаат ист број бодови – 12. Во победничкиот тим за одбележување е ефикасноста на Иван Крстески со 39 поени, додека Стефан Јаневски постигна 20.
МЕГА БАСКЕТ: Стевананџија 10, Петрески 8, Здравевски 1, Велески 6, Настески 4, Јаневски 20, Крстески 39, Стојчески, Стевановски, Домлевски 5, Захариевски 4, Костоски. Тренер: Миле Станимировиќ.
ВОДНО: Сулејмани, Димитриев 10, Николовски 24, Трипуноски 5, Трајанов 12, Д. Бутемер, П. Бутемер, Митев 18, Ќириловски 16, Сребров 3. Тренер: Горан Андреевски.
РЕЗУЛТАТИ: Мега баскет – Водно 97:88, МЗТ Уни – Работнички 97:71, Куманово 2009 – Ангели 0:20, Маџари – Борец 82:58, Соколи – МКК Куманово утре, Шкупи – Тетекс 90:72.
ТАБЕЛА: Маџари 17, МКК Куманово и Шкупи 16, Ангели и МЗТ Уни 15, Борец 14, Соколи, Мега баскет и Водно 12, Работнички 11, Тетекс 10, Куманово 2009 – 8.
СЛЕДНО 10. КОЛО (9 декември): МЗТ Уни – Мега баскет, Водно – Куманово 2009, МКК Куманово – Маџари, Работнички – Тетекс, Борец – Шкупи, Ангели – Соколи.