Според очекувањата, голема борба беше на дуелот Победа – Енхалон, од 9. коло на Втората футсал-лига на Македонија. Во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“беше неизвесно до самиот крај.
Прилепскиот тим поведе со голот на Никифор Ујгуноски во 20. минута. Меѓутоа, гостите израмнија на 1:1 во 23. минута, преку Дејан Милошески. Екипата на Победа повторно дојде во водство во 26. минута, преку Стефан Спиркоски. Струшкиот тим во последните 10 минути одигра без голман, со сите петмина во напад, со цел да израмни. Му успеа во 32. минута, со голот на Нико Пластиновски од пенал. Тимот на Енхалон и по израмнувањето продолжи без класичен голман, со пет играчи. Тоа го искористија домашните и со контри дадоа два гола, преку Никифор Ујгуноски во 33. и на Никола Трајкоски во 35. минута, за 4:2. Гостите не се предадоа, се бореа до крајот. Им успеа да намалат на 4:3 со голот во 37. минута, кога топката удри во домашниот играч Илија Ристески. Во последните секунди стружаните притиснаа, имаа шанси, но топката не стигна до мрежата на одличниот голман Давор Илиоски.
ПОБЕДА: Илиоски, Тошески, С. Спиркоски 1, Трајкоски 1, Наумоски, Макешоски, Китаноски, Ристески 1-аг, Ујгуноски 2, Ачкоски, Сркески.
ЕНХАЛОН: Приштина, Милошески 1, Пластиновски 1, Будиноски, Скепаровски, Петрушевски, Прќакоски.
РЕЗУЛТАТИ 9. КОЛО: Победа – Енхалон 4:3, Проект – Партизан 7:3, Университи – Мал Ајакс 5:7, Каршијака – Конзули –, Шкендија – Кораби –, Јувентус – Скопје 3:0, Кратово – Балкан 6:7.
ТАБЕЛА
СЛЕДНО 10. КОЛО: Победа – Проект, Енхалон – Балкан, Скопје – Кратово, Кораби – Јувентус, Конзули – Шкендија, Мал Ајакс – Каршијака, Партизан – Университи.
ВИДЕО НА ЛИНКОТ