Интересни имиња се на екипите на Хуманитарниот турнир во мал фудбал „Свети Никола“ во Прилеп. Синоќа, во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ се претстави екипа под името Дрим-тим. Одигра рамноправен меч со Скара „Кај Балче“ со нерешен резултат 1:1. По изведените пенали, Дрим-тим победи со 3:1. Првпат се претстави и Прилеп сити, познато име од големиот фудбал. Меѓутоа, синоќа наиде на многу подобар противник, така што поразот е висок.
РЕЗУЛТАТИ
Скара „Кај Балче“ – Дрим-тим 1:1 (пенали 1:3)
Портал БТ – Бест солар/Таг Балкан 2:2 (пенали 3:2)
Ролетар Боби/Кике дизајн – Етно-ресторан „Бабино“ 1:3
Комфи ангел – Пролетер 1:5
Могила – Прилеп сити 7:1
РАСПОРЕД ЗА ДЕНЕСКА (ЧЕТВРТОК)
18:00 Бест солар/Таг Балкан – Мај плејс
18:45 Млекара „Јока“ – Брест хем
19:30 АСП Пак – Пролетер
20:15 Компанија „Атанасовски“ – Ла страда
21:00 Могила – Дино 99