Во 11. рунда, последна есенска од Втората кошаркарска лига на Македонија, Мега баскет – Работнички 80:82, победа на гостите од Скопје. Беше вистинска драма на овој меч, каде резултатот се одвиваше според четвртините: 21:20, 22:23, 19:18 и 18:21. Драмата кулминира во последните секунди, кога прилепскиот тим имаше водство од 80:78, а гостите беа во напад. При тој напад, на 0,7 секунди до крајот Марко Црнокрак биеше, погоди за израмнување, изнуди и слободно фрлање. Резултатот се сврти од 80:78 на 80:80 и со реализираното слободно фрлање на 80:81. Имаше реакција од домашните за досуденото дополнително слободно фрлање, па судиите досудија уште едно, исто реализирано за 80:82. Останатата нецела секунда беше прекуса за Мега баскет да организира ефикасна акција, така што последниот брз шут не влезе во кошот и остана за конечен резултат 80:82.
МЕГА БАСКЕТ: Стевананџија 22, Петрески, Здравевски 4, Велески 30, Настески 2, Јаневски 11, Костоски, Стојчески, Домлевски 7, Захариевски 4, Стевановски, Митрески. Тренер: Миле Станимировиќ.
РАБОТНИЧКИ 2018: Гоцевски 27, Црнокрак 14, Романов, Балоски 9, Павловски 5, Антовски 4, Димовски, Деспотовски, Симиќ 4, Нешовиќ, Саити 19. Тренер: Оливер Тасков.
РЕЗУЛТАТИ: Мега баскет – Работнички 80:82, Куманово 2009 – МЗТ Уни, Тетекс – Борец 73:68. ВЧЕРА: Соколи-Водно 125:100, Маџари – Ангели 76:68, Шкупи – МКК Куманово 60:82.
ТАБЕЛА
ВИДЕО НА ЛИНКОТ: