Вечерва на Хуманитарниот турнир во мал фудбал „Свети Никола“ беа вторите осминафинални натпревари. Единствено Теа Андреа/Хајв кафе, екипа од прволигашки фудбалери, постигна висока победа, очекувано, со 3:0 над Џулијано. На другите три меча беше неизвесно до крајот. Некогашни познати фудбалери, со екипата Љупче Автоконтрол дадоа силен отпор во дуелот со помладите од Бест солар/Тагас Балкан, тим кој победи со еден гол разлика. Драма имаше и на мечот АСП Пак (Охрид) – Фенербахче (Кичево). Во игра со пресврти, минимална победа постигнаа охриѓаните. И на последниот натпревар, Гостилница „Кај Мече“ – Ла страда имаше голема борба. „Децата“ од Школата на Победа, со екипата Ла страда беа пред подвиг, водеа со 1:0 до пред две минути до крајот, кога тимот од Охрид успеа да израмни. Поискусните беа подобри на пенали.
РЕЗУЛТАТИ – СРЕДА:
Љупче Автоконтрол – Бест солар/Тагас Балкан 1:2
Теа Андреа/Хајв кафе – Џулијано 3:0
АСП Пак – Фенербахче 4:3
Гостилница „Кај Мече“ – Ла страда 1:1 (2:1 на пенали)
ПОВЕЌЕ ГЛЕДАЧИ ОТКОЛКУ СЕДИШТА!
Интересот за турнирот е огромен. Во салата доаѓаат многу гледачи, повеќе отколку што има седишта. Тие што доаѓаат совреме, пред почетокот на првиот меч, заземаат место за седење. За тие што влегуваат во салата подоцна, нема гаранција дека ќе најдат слободно седиште. Затоа вечерва имаше гледачи коишто со стоење го гледаа турнирот.
РЕЗУЛТАТИ – ВТОРНИК:
Портал БТ – Лимонада 0:5
Компанија „Атанасовски“ – Скара „Кај Балче“ 9:1
Могила – За наш Прилеп 1:1 (2:0 на пенали)
Инекс Олгица – Брест хем 3:5
РАСПОРЕД ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕ – ЧЕТВРТОК:
18:00 Лимонада – Компанија „Атанасовски“
19:00 Брест хем – АСП Пак
20:00 Бест солар/Тагас Балкан – Гостилница „Кај Мече“
21:00 Теа Андреа/Хајв кафе – Могила