Хуманитарниот турнир во мал фудбал „Свети Никола“ во Прилеп кулминира денеска со завршните натпревари. Салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ ќе биде исполнета до последното место затоа што се играат мечевите за трето и прво место.
Еве го распоредот:
18:00 Меч за 3. место: Компанија „Атанасовски“ (Скопје) – Бест солар/Тагас Балкан (Крушево)
19:00 Ревијален натпревар
20:00 Финале: АСП Пак (Охрид) – Теа Андреа/Хајв кафе (Прилеп)
ПИОНЕРИ
Завршница е и во пионерската конкуренција. Еве ги податоците:
2015
За трето место Победа -Перак 0 3
Финале: Академија евро гол- Тони 0 : 0 пенали 0 1
2013
За трето место Талент Битола – Пелистер 1:1 пенали 2:3
Финале Перак – Тони 1: 1 пенали 2 1
2012
За трето место Победа -Тони 3 0
Финале Академија Пандев/Талент-Академија Евро гол 1 0
2016
1. место Перак
2. место Академија Евро гол
3. место Тони
Денеска (недела) се дуелите за трето место и финалињата за 2014 и 2011.