Утре (среда) е ден за првиот собир на фудбалскиот второлигаш Победа. Закажан е за 14 часот, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“. Тоа е можност да се види кој играчки кадар ќе застане пред Стручниот штаб, предводен од Јане Николоски. Наспроти најавите за неколку заминувања (веќе е објавено дека капитенот Јорданчо Наумоски е во битолски Пелистер), од прилепскиот клуб информираат дека работат на доведување нови играчи, чии имиња наскоро ќе бидат откриени. Впрочем, симпатизерите очекуваат квалитетен тим за напролет, тим кој ќе води борба за искачување кон средината од табелата.
Пролетниот дел од пвенството во Втората лига стартува на 17 февруари.