Предмалку се одигра пријателскиот фудбалски натпревар Охрид – Победа, со резултат 3:1 во полза на домашните. Според информациите, на натпреварот се случил пресврт. На теренот со вештачка трева при СЦ „Билјанини Извори“ во Охрид првиот гол е за прилепскиот тим, за водство од 0:1, преку 20-годишниот Христијан Поп-Антоски. Натаму се постигнати три гола за охриѓаните, дела на Давид Матески, Ангел Крстески и Давид Карамачоски.
Ова беше првата зимска проверка за подмладениот тим на Победа. Наредната е в сабота, дома, против Вардар од Неготино.