Фудбал

МЛАДИНСКАТА ПОБЕДА СТИГНА ДО ГОЛ-РАЗЛИКА 79:14!

Дека младинскиот тим на Победа е македонски фудбалски шампион покажа и во денешното, последно 26. коло од Супер лигата.  Во Скопје со 5:1 совладана е Македонија ЃП. Дури четири гола даде Филип Тодороски, еден е дело на Леонардо Богданоски. На овој начин сета статистика е во прилог на Победа: најмногу бодови (62), најмалку порази (2), најмногу победи (20), најмалку примени голови (14), најмногу дадени голови (79), најдобра гол-разлика (+65). Првенството заврши, Победа е шампион и ќе настапи во јуниорската Лига на шампионите од УЕФА.

РЕЗУЛТАТИ: Скопје – Академија Пандев 1:3, Шкупи – Пелистер 2:4,, Вардар – Ренова 1:1, Работнички – Брегалница 1:1, Шкендија – Кул здравје 2:2.

ТАБЕЛА: Победа 62, Вардар 53, Шкендија 52, Пелистер 44, Академија Пандев 43, Брегалница 41, Кул здравје 40, Македонија ЃП 30, Њу старс 28, Шкупи 24, Ренова 16, Работнички 15, Куманово и Скопје 0.

Од категоријата

ПРИЛЕП: БОРБА ЗА НАЈМНОГУ ПАРИ ДОСЕГА!

Зоран Иге

ЗА ПОБЕДА СЕ НАВИВА И ОД ТЕТОВО!

Зоран Иге

(ВИДЕО-АНАЛИЗА) КОЛКУ СИЛНО И ЧУДНО ЛЕТАШЕ ШУТОТ НА РАМАНИ?

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе