И денеска, 30 мај 2026, во Прилеп имаше фудбалски првенствен меч, на теренот со вештачка трева. Екипата на Победа Прилеп со 4:0 го совлада Детонит од Радовиш, во последното 27. коло од Втората помлада пионерска лига на Македонија. Стрелци: Михаил Ѓорѓиоски, Михаил Колески 2 и Немања Џагадуроски. Судии беа Димитар Здравески, Борис Трајков, Давид Темелкоски, контролор Горан Ангелески (сите од Прилеп). На табелата Победа е на 4. место со 45 бода. Погоре се екипите Кул здравје Скопје со 65, ССК Нова Скопје со 61 и Кожуф Гевгелија со 49 бода, а подолу се Силекс Кратово со 38, Куманово со 32, Детонит Радовиш и Ренова Џепчиште со 30, Шкендија Арачиново со 16 и Беласица Струмица со 7. До крајот на првенството треба да се одиграат уште мечевите: ССК Нова – Шкендија Арачиново, Ренова Џепчиште – Куманово, Силекс Кратово – Кул здравје и Беласица Струмица – Кожуф Гевгелија.

На истиот терен со вештачка трева во Прилеп, денеска од 12 часот, требаше да се игра дуелот Победа Прилеп – Детонит Радовиш, од 27. коло на Втората пионерска лига на Македонија, но гостите не се појавија, така што трите бода службено ги добива домашниот тим.

