Иако општо е мислењето дека Победа е во тешка ситуација, зимава има фудбалери отстрана кои се заинтересирани да и пристапат. На досегашните четири пријателски натпревари (на гости со Охрид и Кожуф, дома со Вардар Н. и Арсими), се појавија скопјаните Дамјан Зенговски, Дестан Адили (Работнички), Марко Ристов (Кожуф), и Таулант Влаши (Караорман), кавадарчанецот Глигор Шиков (Тиквеш), охриѓанецот Теодор Речкоски (Охрид). Преодниот рок е до 11 февруари, претстојат уште два тест-меча, па останува да се сочека кој ќе пристапи во прилепскиот второлигаш.
Новиот, петти тест-меч, е утре (среда) во Прилеп, Победа – Пелистер.
ШТО ЌЕ ОДЛУЧИ НИКОЛОСКИ?
Во неделата, против Арсими, голманот Иван Николоски не настапи за Победа, туку на голот целиот меч беше Антонио Столевски. За Николоски се зборува дека има понуди од други клубови, па останува да се види што ќе одбере.
За Победа опција се и голманите од младинскиот тим.