Фудбал

(фото) ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА: СЕ НАЅИРА СОСТАВОТ НА НОВИОТ УПРАВЕН ОДБОР И СЕ ЗНАЕ КОГА, КАДЕ И НА КАКОВ НАЧИН ЌЕ СЕ ПРОДАВААТ КАРТИТЕ ЗА 100 НАСТО ДА СТИГНАТ ДО ЖРТВИТЕ ОД КОЧАНИ!!!

По објавата дека во Фудбалскиот клуб Победа доаѓаат нови сопственици, јавноста се интересира кои се тие нови акционери во прилепскиот клуб, сопственици на мнозинскиот дел од акциите и кој ќе биде составот на новиот Управен одбор. Според блиски луѓе на клубот, новите сопственици се наши луѓе од странство, кои имаат свои застапници, блиски роднини во Македонија, на чии имиња е мнозинскиот дел од акциите. Тие биле со корени од Прилеп и емотивно приврзани за Победа. Покрај нив, во составот на новиот Управен одбор ќе влегуваат луѓе и од Прилеп, коишто се докажале како стручни и компетентни лица во фудбалот. Но, треба да се причека да се извршат процедурите и јавно да се објават нивните имиња.

Јавноста исто така е мошне загреана и заинтересирана за првиот нареден првенствен меч на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, в сабота од 15 часот, Победа – Башкими, од 22. коло на Втората лига. Донесена е одлука целиот приход од продадените влезници да биде за семејствата зафатени со големата трагедија во Кочани. Акцијата е под насловот „Од срце за Кочани“. Влезниците се продаваат на штанд поставен во центарот на Прилеп, кај продавницата за играчки „Тргачо“ на Градскиот плоштад. Таму е поставена кутија во која директно се пуштаат парите и така затворени во неа комплетно се предаваат на надлежните институции. Таму, кај „Тргачо“ е можноста да се купат карти до попладневните часови в сабота, а потоа, на половина час пред почетокот на мечот, кутии ќе бидат поставени пред портите на стадионот во Прилеп. Секој купувач на карта покрај 100 денари за неа има можност и за донација со пуштање пари во кутијата, така што целокупната помош ќе биде за настраданите во трагедијата во Кочани.

Со оглед на тоа што Победа е во подем, гостува силното Башкими (кандидат за влез во Првата лига), а настанот е од хуманитарен карактер, интересот е огромен и се очекува рекорден број публика на трибините од Градскиот стадион „Гоце Делчев“во Прилеп.

.

Од категоријата

ПОБЕДНИКОТ НА КУПОТ ОД ОФС ПРИЛЕП СЕ ОТКАЖА!

Зоран Иге

ЕВЕ ШТО ПОЧНА ОД ПРИЛЕП: „ИДЕАЛ-СПОРТ“ СО ЗАДОВОЛСТВО ГО ПРЕТСТАВУВА ПРОЕКТОТ „НАВИВАЈ КОРЕКТНО“!

Зоран Иге

ВО ПРИЛЕП ДОАЃААТ ТАЛЕНТИ ОД СРБИЈА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион