На неколку дена пред пролетниот старт на Втората фудбалска лига на Македонија, во Фудбалскиот клуб Победа се комплетира играчкиот список на првотимците. Меѓутоа, официјално засега се овие промени – заминаа Иван Николоски (Саса), Јорданчо Наумоски (Пелистер), Беким Алимоски (Питу Гули) и Филип Димоски (Охрид), а дојдоа Александар Новески (Новаци), Марко Ристов (Кожуф), Глигор Шиков (Тиквеш), Тоше Беделовски (Пелистер), Марио Тасески (БВК Коњаре), Дестан Адили (Работнички) и Никола Сарески (Тетекс). Ова не е конечно, затоа што во последната „тура“ се најавени уште тројца нови.
Првиот првенствен меч годинава, од 16. второлигашка рунда, е Тетекс – Победа во Тетово.