Драматично беше вечерва во салата на ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп, на кошаркарскиот дуел Мега баскет – Шкупи, од 15. рунда на Втората кошаркарска лига. Гостите победија со 78:67, но можеше да биде и обратно. Всушност, конечниот резултат дава лажна слика за она што се слушуваше во текот на сите 40 минути. Израмнета борба се водеше се до завршницата. Прилепчаните поведоа со 9:1, скопјаните се созедоа до крајот на првата четвртина. Шкупи беше во водство до средината на третата четвртина, кога Мега баскет поведе со 48:46. И на почетокот од последниот период домашните водеа (62:61). Токму тогаш падна одлуката околу победникот. Гостите се разиграа тогаш кога најмногу требаше, поведоа со 14 разлика. Резултати по четвртини: 17:19, 22:26, 18:13, 10:20.
МЕГА БАСКЕТ: Стевананџија 14, Костоски, Стевановски 2, Јовановски 12, Тодороски 4, Јаневски 7, Велески 21, Спиркоски, Настески, Домлевски 1, Захариевски 6, Филипоски. Тренер: Мико Голубовиќ.
ШКУПИ: Камбери 16, Величковски 3, Тачи 17, Димитровски 11, Стаматиу 6, Миновски 2, Прентовиќ, Џеладини 6, Балоски 10, Ристовски 1, Двојаковски 6, Абрашев. Тренер: Тони Симиќ.
РЕЗУЛТАТИ: Мега баскет – Шкупи 67:78, Ангели – МКК Куманово 54:68, Соколи – Работнички 93:86, Куманово 2009 – Маџари 38:94, МЗТ Уни – Тетекс 83:63, Водно – Борец утре.
ТАБЕЛА: МКК Куманово 30, Маџари 28, Шкупи 27, МЗТ Уни 25, Ангели 24, Соколи 22, Борец, Мега баскет и Работнички 20, Водно 19, Тетекс 17, Куманово 2009 – 14.
СЛЕДНА 16. РУНДА: Тетекс – Мега баскет, МКК Куманово – Водно, Борец – МЗТ Уни, Шкупи – Куманово 2009, Маџари – Соколи, Работнички – Ангели.