Шах

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ СТАНОЈОСКИ ВТОР МЕЃУ 173 УЧЕСНИЦИ!

Одличен пласман за прилепскиот велемајстор Звонко Станојоски, на вчерашното второ издаnie од Меѓународниот брзопотезен шаховски турнир „МАТ 2024“ во Прилеп, во СОУ “Орде Чопела”. Тој е на 2. место, веднаш до победникот ИМ Милош Станковиќ од Србија. Станковиќ на деветте партии освои 8,5 поени, Станојоски 7,5 колку што има и третиот ВМ Петар Дренчев од Бугарија. До наградите стигнаа првопласираните десетмина, меѓу кои уште се: Антон Златков (Македонија), ИМ Борољуб Златановиќ (Србија), ФМ Андреј Велјаноски, ИМ Тони Лазов, ФМ Роберт Велески, ИМ Никола Николовски и Горан Готовуша (Македонија) со по 7 поени. Останатите награди се: најдобар играч од Прилеп е 19-пласираниот Шкриељ Зеца, најдобар со рејтинг до 2000 поени е 16-тиот Стојан Велкоски, најдобар на возраст над 65 години е 13-тиот Методи Стојнев (Бугарија) , најдобар на возраст до 18 години е 14-тиот Андреј Неделковски, најдобра шахистка е 25-тата Моника Жежовска.


Вкупниот награден фонд е 90 илјади денари.

Од категоријата

ШЕСТМИНА МАКЕДОНЦИ СЕ БОРАТ СО ЕВРОПСКАТА ЕЛИТА

Зоран Иге

ПРИЛЕПСКО ДЕРБИ ВО ОХРИД!

Зоран Иге

(аудио) КАКО ПРИЛЕП ДЕНЕСКА СТИГНА ДО ЕВРОПА…

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе