Вечерва Мега баскет – Борец 78:67, во 17. рунда од Втората кошаркарска лига на Македонија. Есеноска беше 69:63 за Борец, така што прилепчаните сега, може да се каже, возвратија со камата.
Беше интересен натпревар во исполнетата сала на ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп. По четвртини 20:18, 18:14, 17:17, 23:18. На паркетот се разви голема борба, неколку кошаркари дури добија повреди. Беше битка како за медал. Домашните водеа во поголем дел од натпреварот, гостите се доближуваа, и во еден момент направија пресврт. Но, прилепчаните бргу ја надминаа кризата. Победникот се реши во последниот период.
МЕГА БАСКЕТ: Стевананџија 18, Костоски, Јовановски 13, Филипоски, Јаневски 17, Велески 23, Стојчески, Настески 3, Домлевски 2, Захариевски 2, Чакрески, Стевановски. Тренер: Мико Голубовиќ.
БОРЕЦ: Митрев 19, Сапроновски, Карталовиќ 10, Стефановски, Климкаров, Малинов, Петровски 19, Зафирчев 7, Бојчев 10, Крлев 2. Тренер: Васко Бојчев.
РЕЗУЛТАТИ 17. КОЛО: Мега баскет – Борец 78:67, МЗТ Уни – МКК Куманово 87:92, Маџари – Работнички утре, Водно – Ангели в понеделник, Соколи – Шкупи утре.
ТАБЕЛА: МКК Куманово 32, Маџари 26, Шкупи и МЗТ Уни 25, Ангели 24, Борец 23, Мега баскет 20, Соколи и Водно 19, Работнички 17, Тетекс 16.
СЛЕДНО 18. КОЛО: МКК Куманово – Мега баскет, Работнички – Водно, Ангели – МЗТ Уни, Шкупи – Маџари, Тетекс – Соколи.
ВИДЕО НА ЛИНКОТ: