Во рамките на 19. коло од Втората фудбалска лига на Македонија, во Кочани Осогово – Победа 0:0. Прилепскиот тим многу подобар, со зрели шанси од кои не смее да се промаши, но мрежата на прилепчанецот Ѓорѓи Јованоски не се затресе ниеднаш. При еден шут топката удри во дирекот од домашниот гол. Во финишот Победа одигра со играч повеќе од Осогово, бидејќи црвен картон во 86. минута доби Драган Паунов.
ОСОГОВО: Ѓ. Јованоски, Стоиловски, Стојов, Дојчинов, Стојановски (46. Митовски), Ѓорѓиев (70. Тренчев), Трајчевски (59. Љиворека), Паунов, Попов (59. Љубевски), Манов, Мемеди (59. Методиевски). Тренер: Добринко Илиевски.
ПОБЕДА: Столевски, Сарески (82. Г. Димоски), Новески, Д. Дебрешлиоски, Табаковиќ (82. Арифи), Поп-Антоски, Ивчески, Кофиловски, Адили (75. Д. Шаркоски), Да. Спиркоски, Богевски (61. Ристов). Тренер: Јане Николоски.
РЕЗУЛТАТИ: Осогово – Победа 0:0, Вардар Н. – Охрид 0:1, Караорман – Скопје 0:1, Кожуф – Арсими 0:2, Детонит – Пелистер 1:0, Саса – Беса 0:3, Новаци – Тетекс 1:1, Беласица – Башкими 0:0.
ТАБЕЛА: Беса 50, Пелистер 42, Детонит 41, Арсими 35, Охрид 30, Башкими и Скопје 28, Вардар Н. 27, Беласица 25. Кожуф 24, Новаци 23, Тетекс 20, Победа 17, Осогово 16, Караорман 15, Саса 8.
СЛЕДНО 20. КОЛО (9 март 2024 во 14 часот): Победа – Беласица, Охрид – Осогово, Башкими – Новаци, Тетекс – Саса, Беса – Детонит, Пелистер – Кожуф, Арсими – Караорман, Скопје – Вардар Н.