Претстојниот викенд продолжуваат екипните пингпонгарски првенства. Во Супер-лигата е борбата за титулата. Кандидати се Крива Паланка и Младост 96 од Прилеп. Во првата пролетна рунда Младост 96 игра со скопски Телеком нец 2, а Крива Паланка со штипски Шампион ФА. Вториот прилепски тим, Младост, се среќава со битолската Пелагонија. Пред дуелот со Телеком нец 2, клубот Младост 96 го објаци списокот на играчи: Србинот Ѓорѓе Борчиќ, Андреј Лашкоски, Александар Рикалоски, Антонио Стомнароски и Лука Огненоски. Есеноска, на првиот меч, Младост 96 со 4:0 го совлада Телеком нец 2.
ТАБЕЛА: Крива Паланка 18, Младост 96 – 17, Шампион ФА и Телеком нец 2 – 15, Младост 14, Пелагонија 13, Берово и Вардар 12, Работнички 10, Крива Паланка 2007 – 9.
Настапуваат уште три прилепски екипи. Женските Младост и Младост 96 играат меѓу себе во Првата женска лига, а машкиот прволигаш, третопласираниот Прилеп, има дерби со лидерот на табелата, струмички Астраион.