Денеска беше 12. коло, прво пролетно, од Третата лига – Југ. Веднаш изненадување. Во Росоман домашниот истоимен тим со 3:1 го совлада есенскиот првак, Големо Коњари. Стрелци: Петар Николов 15., Стефан Костовски 65., Слободан Дуков 80. (Росоман) – Блеранд Ќамили 78. (Големо Коњари). Црвен картон на овој меч е доделен на Мустафа Селманоски (Големо Коњари) во 89. минута.
ДРУГИ РЕЗУЛТАТИ: Бучин – Борец 0:3 (Јосиф Манасиев, Пеце Стојанов, Стојанче Костадиновски), Марена – Питу Гули 0:3 (Беким Алимоски 2, Ѓорѓи Стрезовски 1), Слога – Младост 1:0 (Музафер Алиоски), Локомотива – Ултрас 1:3 (Ѓунет Усеинов – Христијан Свртиновски 3).
ТАБЕЛА: Борец 26, Големо Коњари 25, Превалец 23, Росоман 22, Младост 17, Питу Гули 14, Слога и Ултрас 13, Марена 11, Локомотива 7, Бучин 0.
СЛЕДНО 13. КОЛО (17 март во 14 часот): Локомотива – Марена, Ултрас – Бучин, Борец – Слога, Младост – Росоман, Превалец – Питу Гули.