Шах

НОВ УСПЕХ НА ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ СТАНОЈОСКИ!

Денешното издание на Меѓународниот шаховски брзопотезен турнир „Алкалоид ОПЕН“ во Скопје донесе нов голем успех на велемајсторот Звонко Станојоски. Прилепчанецот е на високото второ место, меѓу 234 учесници од 7 држави (Бугарија, Шпанија, Германија, Грција, Косово, Србија и Македонија). Иако беше деветторангиран на стартната листа, со само еден пораз (од првакот ВМ Кирил Георгиев), две ремија (со Александар Аранѓеловиќ и со ИМ Милош Станковиќ – двајцата од Србија), осум победи (Александар Нолевски, Стојан Велкоски, ФМ Владимир Тркаљанов, Георги Петров, ИМ Дејан Стојановски, ИМ Никола Николовски – сите од Македонија, Живан Шушулиќ, ИМ Душан Секулиќ – двајцата од Србија), Станојоски со 9 поени успеа да се издигне седум места погоре на конечната табела. За него е наградата од 21 илјада денари. Учествуваа и други прилепчани. Така, Горан Готовуша е на 31. место со 7,5 поени, Дејан Ѓорѓиески на 40. со 7, ФМ Роберт Велески на 50. со 6,5.

Велемајсторот Кирил Георгиев до првото место и наградата од 26 илјади денари стигна со освоени 9,5 поени.

 

Од категоријата

НА ВРВОТ ТРОЈЦА ПРИЛЕПЧАНИ, А ПОД НИВ 78 ОД ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНЕЦ ПОДОБАР ОД 151 УЧЕСНИК!

Зоран Иге

(аудио) КАКО ПРИЛЕП ДЕНЕСКА СТИГНА ДО ЕВРОПА…

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе