Во Скопје во СЦ „Јане Сандански“, со 10. рунда, започна пролетниот дел од Супер-лигата на Македонија. Двата прилепски претставника постигнаа победи.
Екипата Младост96, актуелен државен првак, со 4:2 го совлада вицешампионот Телеком Нец 2 од Скопје. Играч на натпреварот – Андреј Лашкоски со две победи, додека по една извојуваа Антонио Стомнароски и Србинот Ѓорѓе Борчиќ. Резерва беше Лука Огненоски.
Екипата Младост со истиот резултат, 4:2, беше подобра од битолска Пелагонија. По две победи за прилепскиот тим постигнаа Лука Стојчев и Нико Доага. Во тимот се уште Зоран Јованоски и Софија Хасану.
РЕЗУЛТАТИ: Берово – Вардар 3:4, Работнички – Крива Паланка 2007 – 3:4, Пелагонија – Младост 2:4, Крива Паланка – Шампион ФА 4:0, Крива Паланка – Берово 4:2.
ТАБЕЛА: Крива Паланка 20, Младост 96 19, Телеком нец 2 – , Младост и Шампион ФА 16, Вардар и Пелагонија 14, Берово 13, Работнички и Крива Паланка 2007 – 11.
СЛЕДНО 11. КОЛО (31 март): Крива Паланка – Берово, Шампион ФА – Телеком нец 2, Младост 96 – Пелагонија, Младост – Работнички, Крива Паланка 2007 – Вардар.
Во Првата лига за мажи Прилеп со 0:4 загуби од лидерот Астраион од Струмица. Во следното коло Прилеп игра со скопски Студент.