Во салата од СЦ„Борис Трајковски“ во Скопје се одржа Државното пингпонгарско првенство за сениорки и сениори. Забележителен успех имаа членовите на прилепскиот клуб Младост. Во категоријата мешани двојки, трето место и бронзен медал освоија Нико Доага и Софија Хасану. Во групата машки двојки до второто место и сребрениот медал стигнаа Лука Стојчев и Дамјан Стојчев, а кај женските двојки третото место и бронзата се за Софија Хасану и Емилија Марковска. Мошне вреден пласман – трето место со бронзен медал, постигна 16-годишниот Лука Стојчев, во поединечна машка конкуренција.
Шампиони поединечно се – кај жените Амелија Николов (Шампион ФА Штип), кај мажите Кристијан Станојковски (Крива Паланка).