Пинг-понг

ПРИЛЕПЧАНИТЕ НЕ САКААТ „МАЈСТОРКА“!

Денеска (12 часот) во Скопје се игра вториот меч од финалето на плеј-офот во пингпонгарската Супер лига, за добивање екипен шампион на Македонија, помеѓу домашниот Телеком нец 2 и прилепскиот тим Младост 96. На првиот, вчера во Прилеп, убедливо со 4:1 победи Младост 96, а Телеком нец 2 има можност да возврати.

Доколку Телекмом нец 2 денеска успее да победи, ќе се игра трет меч, „мајсторка“, на 10 јуни во Прилеп. Меѓутоа, по вчерашниот меч можеше да се слушне меѓу членовите на Младост 96 оти тие воопшто не размислуваат за никаква „мајсторка“ и дека ќе ги вложат сите сили денеска да ја завршат работата и да го освојат шампионскиот пехар.

Вчера нешто интересно се случи – домашниот тренер Гоце Тошески непосредно пред мечот прогнозираше победа од 4:1, и токму тоа се оствари.

Од категоријата

ПРИЛЕП Е МЕГДАН ЗА УЧЕСНИЦИ ОД 6 ДРЖАВИ!

Зоран Иге

МРТВА ТРКА ЗА ТИТУЛАТА

Зоран Иге

ПЛЕЈ-ОФ: ДОМАЌИНОТ УБЕДЛИВО ПОБЕДИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе