Фудбал

КОИ ИЗМЕНИ ВО ПОБЕДА ЗА УТРЕ?

Утре (сабота) во 15 часот Победа игра со Саса, во 22. коло од Втората фудбалска лига. Очекувањето кај прилепскиот тим е за прв пролетен триумф, по четирите нерешени и двата пораза. Дали екипата на тренерот Јане Николоски ќе биде поуспешна од Саса, чиј гол го чува неговиот син Иван? На овој меч таткото Јане ќе биде на трибината од Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, поради казаната за црвениот картон во Новаци, а од неговиот тим од истата причина – исклучување, ќе отсуствуваат и играчите Никола Сарески и Александар Новески, кои беа во стартната постава на тоа претходно гостување. За утрешниот меч се подготвуваат нивните замени.

Што се однесува до Саса, последна е на табелата, но има две победи во серија.

Табела: Беса 54, Пелистер 48, Детонит 45, Арсими 39, Скопје 34, Охрид 33, Башкими, Вардар Н. 28, Беласица 27. Кожуф и Новаци 24, Тетекс 20, Победа 19, Осогово 17, Караорман 15, Саса 14.

 

Од категоријата

(фото, резултати, стрелци) ТРИ ГОЛА ЗА ТРИ МИНУТИ ВО МАЛО КОЊАРИ, А ЕДЕН ГОЛ НА ДЕРБИТО ВО КРУШЕВО!

Зоран Иге

ТИМ ЗАСИЛЕН СО СРБИНКИ НА ДУЕЛ СО ПРИЛЕПЧАНКИТЕ

Зоран Иге

ПРИЛЕП: ЦРВЕН КАРТОН ЗА ЛЕКАРОТ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе