Кошарка

(видео) ОВА ГО НЕМА ВО НБА, А СЕ СЛУЧИ ВО ПРИЛЕП!

Веќе објавивме дека Мега баскет со 72:61 го совлада тимот МЗТ Уни банка. Но во салата на ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп се случи и нешто несекејдневно – играч постигна две „тројки“ од огромна далечина, од близу 25 метри. Со шут од пред сопствениот кош го погоди противничкиот. Ова му успеа на 19-годишниот Бојан Стојановски, член на МЗТ Уни банка. Сите се фаќаа за глава – и домашните и гостите и публиката.

– Претходно имам постигнато неколку „тројки“ од половина терен, но од ваква далечина, а и двапати на ист меч како синоќа во Прилеп, ми се нема случено. Ретко е ова. Не секој добива шанса двапати да шутне на истекот на времето, а не пак двапати да погоди – вели Бојан Стојановски.

Тој синоќа беше најефикасен за МЗТ Уни банка – со четири „тројки“ и вкупно 17 поени.

 

Од категоријата

ПРИЛЕПЧАНИТЕ СЕ ОСТРАТ ЗА ТРИУМФ ОД 8 РАЗЛИКА!

Зоран Иге

РЕВАНШ СО КАМАТА: МЕГА БАСКЕТ ПОБЕДИ СО 15 РАЗЛИКА!

Зоран Иге

КОШАРКАРСКА ЕКИПА ОСТАНАЛА СО ТРОЈЦА ИГРАЧИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе