Фудбал

(резултати, состави) ГОЛ ПРИ ЛЕГНАТ ГОЛМАН ЗА БОД НА ПОБЕДА!

Уште едно добро пролетно издание на младиот состав на Победа. На гостувањето во Радовиш, Детонит – Победа 1:1. Прилепскиот тим поведе со голот на Давид Дебрешлиоски во 12. минута кога и голманот го помина, а домашните израмнија во 44. минута преку Иван Настевски. Така, Победа ова сезона нема пораз од третиот на табелата, Детонит. Ако се земе предвид дека есеноска во Прилеп беше 2:0 за Победа и сега 1:1, прилепската екипа му има „откинато“ четири бода на фаворитот од Радовиш, во борбата за врвот. Всушност, дури и може да се каже дека Детонит е покус за пет бода, бидејќи освои само еден од можните шест, а Победа освои четири.

ДЕТОНИТ: Ѓорѓиев, С. Бабунски (85. Јанев), Христовски (46. Фејзуловски), Бошески (72. Мемеди), Христов, Настевски, Кудијан, Ивановски (63. Л. Трајкоски), Мирчевски, Ѓорѓиески (63. Николовски), Стојанов. Тренер: Иван Варадиновски.

ПОБЕДА: Столевски, И. Трајкоски (46. Ристов), Г. Димоски (68. Сарески), Д. Дебрешлиоски (83. Д. Шаркоски), Адили, Поп-Антоски, Ивчески, Кофиловски, С. Спиркоски (68. Новески), Да. Спиркоски (88. Л. Петејчук), Богевски. Тренер: Јане Николоски.

РЕЗУЛТАТИ 23. КОЛО: Детонит – Победа 1:1, Арсими – Охрид 0:0, Скопје – Пелистер 0:1, Вардар Н. – Беса 0:1, Караорман – Тетекс 1:4, Кожуф – Башкими 2:0, Саса – Осогово 2:1, Новаци – Беласица 1:3.

ТАБЕЛА: Беса 60, Пелистер 54, Детонит 46, Арсими 41,Охрид 37, Скопје 35, Башкими 31, Беласица 30, Вардар Н. и Кожуф 28, Новаци и Тетекс 24, Победа 23, Осогово 20, Саса 17, Караорман 15.

СЛЕДНО 24. КОЛО (13 април во 15 часот): Победа – Кожуф, Охрид – Новаци, Беласица – Саса, Осогово – Детонит, Башкими – Караорман, Тетекс – Вардар Н., Беса – Скопје, Пелистер – Арсими.

 

 

 

Од категоријата

(видео) КАДЕТОТ СТРЕЛА И КАЈ СЕНИОРИТЕ!

Зоран Иге

(ВИДЕО) БАБУНСКИ: СЕ НАДЕВАМ ДА ПОТПИШЕ ИГРАЧОТ СО ИСКУСТВО ОД БЕЛГИЈА!

Зоран Иге

СТОПЕРОТ НА ПОБЕДА ВО НОВА УЛОГА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе