Во 8. рунда од плејаутот на Супер-лигата за мажи, Скопје – Прилеп 21:32. Ново одлично издание на прилепскиот состав. Уште во првото полувреме беа обезбедени трите бода, преку водството од 14:7. Најефикасни: Александар Грујовски со 6 гола (Скопје) – Пеце Рајатовски со 7, Христи Бикоски и Томислав Квастек со по 6 (Прилеп). Ова е шеста победа на Прилеп во оваа фаза, така што е на врвот од табелата, заедно со Еурофарм Пелистер 2.
РЕЗУЛТАТИ: Скопје – Прилеп 21:32, Вардар Н. – Куманово 30:34, Мултиесенс – Голден арт 30:30.
ТАБЕЛА
СЛЕДНО КОЛО: Прилеп – Голден арт, Вардар Н. – Мултиесенс, Куманово – Еурофарм Пелистер 2.