Екипата Мега баскет избори пласман во плејофот, меѓу осумте најдобри во Втората кошаркарска лига. Според ова, претстои четвртфиналето, каде се среќава со најдобрата екипа во лигата, МКК Куманово. Се игра до две победи. Првиот дуел е в недела (16 ч.) во Куманово, а реваншот најверојатно во вторник во салата на ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп. За реваншот постои огромен интерес, така што нема дилеми дека прилепската сала ќе биде преполна со гледачи.
ЧЕТВРТФИНАЛЕ: МКК Куманово – Мега баскет, Шкупи – Борец, Маџари – Соколи, Ангели – МЗТ Уни банка.