Фудбал

(резултати, стрелци) ЧУДА ОД ПРИЛЕПСКИОТ ВЕЈН РУНИ!

Можеби помладите не знаат, ама повозрасните прилепски фудбалски љубители сигурно знаат за кого се работи штом се спомне прилепскиот Вејн Руни. Тоа е Срѓан Васиќ, кој прекарот го доби уште кога играше за последната успешна генерација на Корзо, пред повеќе од десет години. Овој човек уште малку ќе наполни 40 години, но не сака да се раздели од фудбалот. Оваа сезона е во дресот на Стрела од Ерековци, во А-лигата од ОФС Прилеп. Вчера, во 11. рунда, Напредок (Крушеани) – Стрела (Ерековци) 0:3 службено, по прекинот во 35. минута при резултат 2:3. Стрелци: Бојан Пилкоски, Самоил Граороски (Напредок) – Зоран Секирски, Зоран Тасески 2 (Стрела).

– Пролетва сме хит. Играм, но и ги подготвувам младите. Искуството е на прво место, а и издржливоста. На 40 години трчам како да имам 20. По ова коло ние сме со шанси за второ место, да играме во плејофот на Градски – вели Васиќ.

РЕЗУЛТАТИ: Напредок – Стрела 0:3 сл., Тризла – Пролетер 1:1 (Петар Боболески – Џелил Амедоски), Братство – Обршани 3:0 сл., Млекар – Влазними јуниор 1:2 (Боби Ачкоски – Али Фејзулоски 2).

ТАБЕЛА

СЛЕДНО 12. КОЛО: Пролетер – Напредок, Стрела – Млекар, Влазними јуниор – Братство, Обршани – Тризла.

Б-ГРУПА

РЕЗУЛТАТИ 15. КОЛО: Прилеп сити – Динамо 0:5 (Александар Китаноски, Стеван Ангелески, Томче Трпкоски 2, Славе Тодороски), Кадино – Црвена ѕвезда 3:4 (Оливер Петрески 2, Бојан Самарџиоски – Филип Ачкоски 3, Дејан Попоски), Боротино – Мукос 0:1 (Мето Лашкоски).

ТАБЕЛА

СЛЕДНО 16. КОЛО: Мукос – Кадино, Црвена ѕвезда – Прилеп сити, Корзо – Кадица.

 

Од категоријата

СРЕДБА СО ИДНИОТ ПРВОЛИГАШ!

Зоран Иге

БАБУНСКИ: ИМАМЕ ДОСТА ИГРАЧИ НА ПРОБА А ТАКВИ И НАТАМУ ЌЕ ДОАЃААТ!

Зоран Иге

СИТЕ ПРВЕНСТВА ЗАВРШИЈА, А ОВА Е ДАЛЕКУ ОД КРАЈОТ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе