Продолжува плејофот во Втората кошаркарска лига на Македонија, според кој ќе се знаат два тима со статусот нови прволигаши. Во рамките на четвртфиналето, вечерва е реваншот меѓу Мега баскет и МКК Куманово. Се игра од 20,30 часот во салата на ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп. Првиот дуел во неделата го доби кумановскиот тим со 81:47. Доколку и сега победи истата екипа, нема потреба од трет меч, т.н. мајсторка. Доколку се случи изненадување и победи прилепскиот тим, тогаш ќе има трет одлучувачки натпревар, во Куманово.
РЕВАНШИ
ДЕНЕСКА
20.30: Мега баскет – МКК Куманово (0-1)
20.30: Борец баскет – Шкупи (0-1)
СРЕДА
16.00: МЗТ Скопје Уни банка – Ангели (0-1)
19.00: Соколи – Маџари (0-1)