Екипата Пелистер е прв финалист во Купот на Македонија за помлади пионери. На денешното полуфинале во Битола, Пелистер – Победа 9:0. Стрелци: Осман Хасановиќ 4 гола, Лука Илијовски 2, по еден Давид Ангелевски, Јован Мрмачовски и Алек Сиваков. Очигедна е големата разлика меѓу двата тима. Според ова, успех за прилепската екипа е и пласманот до полуфиналето.
Во второто полуфинале денеска се среќаваат Брера и тетовска Шкендија, во Струмица.