Прилепчаните го сакаат фудбалот, но од овој спорт за викендов има одложувања во сите рангови. Подолу ги наведуваме сите:
– Во Втората лига одложено е 9. коло во кое се планирани дуелите, во Големо Коњари Големо Коњари – Брегалница (Штип). и во Струмица Беласица – Победа (Прилеп), закажани за 25 октомври, кога се и другите, Преспа(Ресен) – Тетекс (Тетово), Охрид – Саса (Каменица), Скопје – Новаци, Детонит (Радовиш)– Вардар (Неготино)., Слога (Виница) – Кожуф (Гевгелија), Шкендија (Арачиново). – Осогово (Кочани). За 25 и 26 октомври се закажани и натпреварите од младинските категории каде што претставници имаат овие клубови.
– Во Третата лига – Југ одложено е 6. коло. Наместо денеска, ќе се одигра в четврток, на 23 октомври. Еве ги двојките: Ултрас (Прилеп) – Борец (Велес), Млекар (Мало Коњари) – Венец (Долни Дисан), Башкими (Горно Јаболчиште, Велес) – Тополка (Велес), Дреново – Влазними јуниор (Пресил, Крушево), Превалец (Велес) – Росоман, Питу Гули (Крушево) – Бучин.
– Во четвртиот ранг, Општинската квалитетна лига на ОФС Прилеп, 5. коло е одложено за 26 октомври. Тогаш ќе се одиграат овие мечеви: Кадино – Братство (Големо Коњари), Гарван (Десово) – Кадица (Забрчани), Стрела (Ерековци) – Козара (Заполжани), Црвена ѕвезда (Сенокос) – Динамо (Мажучиште).
– Во петтиот ранг, Општинската Б-лига од ОФС Прилеп, следното 4. коло е одложено за 25 октомври. Еве ги двојките: Партизан (Обршани) – Прилеп сити, Пролетер (Прилеп) – Канатларци, Корзо (Прилеп) – Братство (Житоше), Канатларспор (Канатларци) – Боротино.
– Во Младинската женска фудбалска лига 6. коло е одложено за четврток, 23 октомври. Тогаш се двојките: Порече (Македонски Брод) – Цевитана (Прилеп), Победа (Валандово) – Кочани, Вардар (Скопје) – Билјанини Извори (Охрид), Истатов (Скопје) – Скопје, Љуботен (Тетово) – Башкими (Куманово), Саса (Каменица) – Унитед (Струга).