Ракометот е меѓу омилените спортови во Прилеп, поради резултатите и натпреварите што се паметат. Покрај машкиот, во градот добри екипи имало и во женскиот ракомет. Во периодот меѓу 2008 и 2014 година публиката ја воодушеви Женскиот ракометен клуб Жито Прилеп. Тимот Жито Прилеп беше втор по квалитет во Македонија (зад скопски Металург), зеде учество во европските купови, а и во уште едно меѓународно натпреварување, Балканската регионална лига. Во оваа лига, во сезоната 2011/12 екипата Жито Прилеп го освои петтото место по одиграни натпревари со ривали од три држави – Металург (Македонија), Будуќност, Бисери (Црна Гора), Заечар, Јагодина и Раднички (Србија).
Во овој период настапија ракометарки, како Романката Михаела Јаломитеану, , Црногорките Биљана Павичевиќ, Даниела Матановиќ, Андреа Кликовац, Тамара Стојановиќ и Ана Стојановиќ, домашните Дијана Наумоска, Сандра Дурланова, Савица Мркиќ, Марија Штериова, Софија Аџулеска, Јованка Цветановска, Ирена Јолеска, Марија Серафимовска, Сара Цаневска, Ивана Ѓорѓиоска, а тренери беа Ристо Магдинчев и Методија Петлески.