Општинските лиги од ОФС Прилеп влегуваат во завршницата (останува уште последното коло), а според конечните табели ќе се знаат четирите екипи учеснички во плејофот за конечен првак, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“. Досега се познати два тима, лидерите на табелите Влазними јуниор (Пресил) и Кадица (Забрчани), а по последното коло ќе се комплетира списокот со уште два второпласирани тима во двете групи. Претходниов викенд беа интересни мечеви.
А-ГРУПА
РЕЗУЛТАТИ 13. КОЛО: Обршани – Пролетер 4:1 (Гоце Ефтинџиоски, Филип Нацески, Жарко Јанчески, Христијан Тодоровски – Асан Еминоски), Тризла – Влазними јуниор 0:3 (Арбен Фејзуловски, Исамедин Мемедоски, Аџи Фејзулаи), Братство – Стрела 0:1 (Горан Бозајковски), Млекар – Напредок 4:2 (Ангел Наумоски, Александар Ристески 2, Николче Ѓоргоски автогол – Климент Манески, Живе Ѓоргоски).
ТАБЕЛА
ЗАОСТАНАТ МЕЧ (30 април во 17 часот): Обршани – Тризла.
ПОСЛЕДНО 14. КОЛО (3 мај во 10 часот): Пролетер – Млекар, Напредок – Братство, Стрела – Тризла, Влазними јуниор – Обршани.
Б-ГРУПА
РЕЗУЛТАТИ 17. КОЛО: Кадица – Динамо 5:1 (Христијан Петрески 2, Михаил Карески, Рубинчо Велески, Леонардо Силјаноски – Давид Николоски), Прилеп сити – Мукос 0:6 (Мето Лашкоски 2, Миле Стојчески, Зоран Ристески, Николче Ристески 2), Кадино – Боротино 7:5 (Петар Митрески, Бојан Самарџиоски 2, Димитар Грозданоски, Борче Талески, Мартин Наумов, Николче Неделкоски – Иле Огненоски 3, Александар Јанчески 2),
ТАБЕЛА
ПОСЛЕДНО 18. КОЛО (3 мај во 10 часот): Боротино – Прилеп сити, Црвена ѕвезда – Кадица, Динамо – Корзо.