На две кола пред крајот на Втората фудбалска лига се знаат двата тима кои одат во погорен, прволигашки ранг (Беса и Пелистер), извесен е и учесникот во бараж за влез во прволигашкото друштво (Детонит), познат е еден тим кој отпаѓа (Караорман), но има уште две енигми: вториот тим што отпаѓа, како и тимот што ќе игра бараж за опстанок.
Околу тоа кој тим отпаѓа, кој игра бараж, има многу комбинации, а засегната е група од четири тима: Победа со 28 бода, Осогово со 26, Тетекс со 24, Саса со 23. Најдолниот од оваа група отпаѓа, претпоследниот оди во бараж, двата погорепласирани се спасуваат.
Еве го распоредот до крајот:
ПРЕТПОСЛЕДНО 29. КОЛО (11 мај во 17 часот): Пелистер – Победа, Арсими – Осогово, Тетекс – Охрид, Караорман – Саса.
ПОСЛЕДНО 30. КОЛО (19 мај во 17 часот): Победа – Беса, Осогово – Пелистер, Башкими – Тетекс, Саса – Вардар Н.
ТАБЕЛА: Беса 73, Пелистер 67, Детонит 56, Арсими 50, Охрид 42, Скопје 40, Вардар Н. 39, Беласица и Башкими 38, Кожуф 37, Новаци 31, ПОБЕДА 28, ОСОГОВО 26, ТЕТЕКС 24, САСА 23, Караорман 15.