Фудбал

КАНАТЛАРЦИ ПОБЕДИ, ГАРВАН НЕ ИЗДРЖА СО ПОВРЕДЕН ГОЛМАН!

Екипата на Канатларци е новиот третолигаш, по триумфот од 3:0 над Гарван од Десово, во финалето од плеј-офот на ОФС Прилеп. Сосема заслужена победа на Канатларци, пред близу 500  гледачи на Градскиот стадион „Гоце Делчев“. Победникот имаше повеќе од играта, повеќе шанси.

Но, веројатно, за Канатларци полесно да стигне до целта, влијание има и тоа што мрежата на Гарван ја чуваше повреден голман, 44-годишниот Хусеин Салимановски. Тој на почетокот од мечот го истегнал мускулот од ногата, па од трибина можеше да се забележи дека има проблем да стои. Се очекуваше измена, но тој и натаму со мака стоеше на голот. Во 29. минута го прими првиот гол, кој одлево го постигна Октај Јусуфоски и со тој резултат се отиде на одмор. Почна второто полувреме и пак повредениот голман одвај стоеше на голот од Гарван. Стигна 52. минута и втор гол во неговата мрежа, оддесно ја затресе Шенол Ибраимовски. Пак  измена нема. Во 58. минута шут оддалеку, голманот кусо пред себе ја одби топката, но не можеше да исчекори за да ја фати, па притрча Ферди Булут за 3:0.  Дури тогаш измена, влезе 21-годишниот голман Илмија Асаноски, кој сосема здрав не дозволи да биде совладан. Навистина несфатливо е зошто оваа измена порано не беше извршена.

По мечот екипата на Канатларци прими медали од секретарот на ОФС Прилеп, Петре Илиоски, како и пехар од претседателот Марјан Стојкоски – Манта.

Збогување со Жере

Мечот беше последен за судијата Зоран Костоски – Жере, денеска во улога на прв помошен судија. Општинскиот фудбалски сојуз, фудбалските работници и колегите му се заблагодарија за долгата и успешна кариера со пригодни подароци. Публиката ќе го памети како еден од најдобрите прилепски судии покрај аут-линијата. По натпреварот ОФС ги награди со медали за спомен и останатите задолжени за правдата – главниот судија Влатко Илиоски,  вториот помошник Весна Спиркоска – Тофилоска, четвртиот Кирил Смоквоски, делегатот Жарко Ѓорески.

Од категоријата

(фото, видео, состави) ЧЕТВРТИ ТРИУМФ НА ПОБЕДА, „СТОТКА“ ЗА СТОМНАРОСКИ!

Зоран Иге

УШТЕ ДВАПАТИ ЌЕ СЕ ПОЛНИ СТАДИОНОТ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

УШТЕ ЕДНА ЕКИПА СЕ ОТКАЖА ОТИ НЕМА ФУДБАЛЕРИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе