Неколку интересни резултати се од денешното 21. коло од Третата фудбалска лига – Југ. Во Росоман домашниот тим го совлада крушевско Питу Гули со 1:0. со голот на Слободан Дуков во 95. минута, во петтата минута од судиското надополнување. Лидерот Борец победи во Прилеп, со Ултрас.
РЕЗУЛТАТИ 21. КОЛО: Росоман – Питу Гули 1:0 (Слободан Дуков), Слога – Превалец 5:3 (Нермин Каришик, Енис Фазлиоски 2, Малиќ Рамовиќ 2 – Антонио Чоков, Иванче Давитков, Бобан Дукадиновски), Бучин – Големо Коњари 4:3 (Мартин Стрезовски, Ѓорѓија Мургоски 2, Миле Ѕвездакоски – Мустафа Селманоски, Илчо Митрески, Николај Даноски), Локомотива – Младост 0:4 (Александар Коцев автогол, Никола Ѓорѓиев 3), Ултрас – Борец 1:3 (Мартин Трајкоски – Стојанче Костадиновски 2, Пеце Стојанов).
ТАБЕЛА: Борец 48, Росоман 40, Превалец 39, Големо Коњари 34, Питу Гули 30, Слога 28, Младост 25, Ултрас 17, Бучин 13, Марена 12, Локомотива 10.
ПОСЛЕДНО 22. КОЛО (19 мај во 16 часот): Марена – Ултрас, Борец – Локомотива, Младост – Бучин, Големо Коњари – Слога, Превалец – Росоман.