Одиграни се последните четири кола во основниот дел од Супер-лигата на Македонија. Екипата Младост 96 од Прилеп двапати победи (4:3 со Берово и 4:3 со Шампион ФА од Штип), двапати загуби (2:4 од прилепска Младост, 3:4 од Крива Паланка). Вториот прилепски претставник, Младост, трипати победи (4:2 со Младост 96, 4:2 со Шампион ФА, 4:3 со Телеком нец 2), еднаш загуби (4:1 од Крива Паланка).
РЕЗУЛТАТИ 15. КОЛО: Пелагонија – Берово 4:2, Телеком нец 2 – Работнички 4:1, Крива Паланка – Вардар 4:1, Шампион ФА – Крива Паланка 2007 4:0, Младост 96 – Младост 2:4.
РЕЗУЛТАТИ 16. КОЛО: Берово – Младост 96 3:4, Младост – Шампион ФА 4:2, Крива Паланка 2007 – Крива Паланка 2:4, Вардар – Телеком нец 2 2:4, Работнички – Пелагонија 1:4.
РЕЗУЛТАТИ 17. КОЛО: Работнички – Берово 3:4, Пелагонија – Вардар 4:3, Телеком нец 2 – Крива Паланка 2007 4:3, Крива Паланка – Младост 4:1, Шампион ФА – Младост 96 3:4.
РЕЗУЛТАТИ 18. КОЛО: Берово – Шампион ФА 3:4, Младост 96 – Крива Паланка 3:4, Младост – Телеком нец 2 4:3, Крива Паланка 2007 – Пелагонија 1:4, Вардар – Работнички 2:4.
На прилепското дерби, Младост 96 – Младост 2:4, за Младост 96 двата поена ги освои Фатих Карабаџаку, а за Младост Дамјан Стојчев, Лука Стојчев 2 и Нико Доага.
ТАБЕЛА: Крива Паланка 36, Младост 96 33, Младост 31, Телеком нец 2 30, Шампион ФА 28, Пелагонија 27, Вардар и Берово 23, Работнички 20, Крива Паланка 2007 19.
Во полуфиналето од плејофот се среќаваат: Крива Паланка – Телеком нец 2 (Скопје), Младост 96 (Прилеп) – Младост (Прилеп). Значи, еден прилепски тим оди во финалето, прашање е само кој ќе биде тој тим, победникот од полуфиналето. Се игра до две победи. Првите мечеви се на 19 мај, реваншите на 25 мај, а евентуалните трети мечеви, „мајсторки“ на 26 мај.