Пингпонгарската Супер-лига влегува во плејоф-фазата за добивање шампион на Македонија. Според табелата од основниот дел, првиот (Крива Паланка) игра против четвртиот (скопски Телеком нец 2), а вториот (прилепски Младост 96) за противник го има третиот (прилепски Младост). Екипите кои ќе дојдат до две победи влегуваат во финалето. Првите мечеви се утре (недела), реваншите на 25 мај, а евентуалните трети мечеви на 26 мај.
Утрешниот прв полуфинален дуел Младост 96 – Младост е утре (недела) во 11 часот, во Пингпонгарската арена „Младост 96“ во Прилеп.