Денеска (17 ч.) на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп претстои најзначајниот меч за домашниот тим Победа, во борбата за опстанок во Втората фудбалска лига на Македонија. Се игра последното, 30. коло, а противник е првакот, новиот прволигаш Беса од Добридол, Гостиварско. За овој тим брани прилепчанецот Дарко Тофилоски, доскорешен капитен на Победа. Тренер на екипата е скопјанецот Александар Таневски.
Преку освојување на нови три бода Победа го обезбедува опстанокот. За прилепскиот тим неопходна е поддршка од трибините, па се очекуваат многу гледачи на стадионот. Потсетуваме: двата последни тима од табелата отпаѓаат, тимот над нив игра бараж за опстанок, а местата над нив се спасоносни. Конкурентите на Победа се со овој распоред: Осогово – Пелистер, Башкими – Тетекс, Саса – Вардар Н.
ПОСЛЕДНО 30. КОЛО (денеска во 17 часот): Победа – Беса, Охрид – Кожуф, Детонит – Караорман, Саса – Вардар Н., Новаци – Скопје, Беласица – Арсими, Осогово – Пелистер, Башкими – Тетекс.
ТАБЕЛА: Беса 74, Пелистер 70, Детонит 57, Арсими 51, Вардар Н. и Охрид 42, Скопје 41, Беласица и Башкими 39, Кожуф 38, Новаци 31, Победа 28, Осогово и Тетекс 27, Саса 26, Караорман 15.