Завчера Победа стигна до опстанокот во Втората фудбалска лига на Македонија, преку победата во Скопје од 2:1 над Куманово. Честитки до младиот прилепски тим стигнуваат од разни страни. Еве ја од Фуркан Салиу, новинарот на „Порталикс“ од Скопје:
– После натпреварот, фудбалерите и управата на ФК Победа на заедничка вечера.Затоа што спортот не познава граници. Затоа што им завидуваме на Победа кои со локални деца стигнаа до Втора лига. Не им беа потребни ниту пратеници, политика, полицајци, судии туку само срце. Највозрасниот играч е голманот којшто има само 21 година.
Со среќа дечки! Се надеваме дека многу брзо ќе ве видиме и во Првата лига, а зошто да не и во некој европски клуб – напиша Салиу на својот Фејсбук-профил.
Фудбалерите на Победа долго во ноќта прославуваа, а сега се на заслужен одмор.